| четврток, 6 декември 2018 |

Актерите од Битолски театар учествуваа на уметничко дефиле во Санкт Петербург

bez_panika

Актери од Народниот театар-Битола викендов учествуваа на големо уметничко дефиле и свеченото отворање на манифестацијата „Денови на Достоевски“ што се одржува во рускиот град Санкт Петерубрг.

Од Битолскиот театар информираа дека на големата прослава што се одржа во центарот на Санкт Петербург, а по повод основањето на градот учествувале повеќе од 100 актери од сите театри во градот, заедно со нив и битолските актери Никола Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски и Александар Копања како специјални гости од Македонија.

– Нашите актери денес ќе ја одиграат претставата „Без паника” во режија на Благој Мицевски. Претставата ќе биде изведена во театарот „Достоевски“ за која владееше голем интерес и влезниците се распродадени. Гостувањето е резултат на долгогодишната соработка на битолскиот театар со театри од Петербург, а е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, истакна Билјана Вржовска, советник за односи со јавност во НУ Народен театар-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top