| четврток, 6 декември 2018 |

Рома го доби градското дерби против Лацио

Roma vs Napoli

Во последниот меч со кој беше комплетирано претпоследното 38. коло во фудбалското првенство на Италија, градското дерби меѓу Лацио и Рома заврши со победа на Рома со 2:1.

Рома поведе со голот на Хуан Итурбе во 73-минута.  Само неколку минути откако влезе во игра Филип Ѓорѓевиќ во 82-минута го израмни резултатот.  И додека сите на “Олимпико”  очекуваа мечот да заврши без победник,  во 87-минута Мапу Јанга Мбива го постигна вториот гол за Рома.

Со овој резултат и освоените три бода, Рома дефинитивно го осигура своето место во Лигата на шампионите.

Затоа пак Лацио,  ќе треба да остане непоразен во последното коло на гостувањето кај Наполи,  кој со евентуален триумф би ги минал “Лациалите” на третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.

На натпреварите одиграно во текот на изминатиот викенд, беа постигнати овие резултати:
Емполи – Сампдорија 1:1,
Чезена – Каљари 0:1,
Киево – Аталанта 1:1,
Палермо – Фиорентина 2:3 ,
Парма – Верона 2:2,
Удинезе – Сасуоло 0:1,
Милан – Торино 3:0,
Јувентус – Наполи 3:1 и
Џенова – Аталанта 1:1.

Табела:
Јувентус 86 бодови,
Рома 70,
Лацио 66,
Наполи 63,
Фиорентина 61,
Џенова 59 .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top