Во последниот меч со кој беше комплетирано претпоследното 38. коло во фудбалското првенство на Италија, градското дерби меѓу Лацио и Рома заврши со победа на Рома со 2:1.
Рома поведе со голот на Хуан Итурбе во 73-минута. Само неколку минути откако влезе во игра Филип Ѓорѓевиќ во 82-минута го израмни резултатот. И додека сите на “Олимпико” очекуваа мечот да заврши без победник, во 87-минута Мапу Јанга Мбива го постигна вториот гол за Рома.
Со овој резултат и освоените три бода, Рома дефинитивно го осигура своето место во Лигата на шампионите.
Затоа пак Лацио, ќе треба да остане непоразен во последното коло на гостувањето кај Наполи, кој со евентуален триумф би ги минал “Лациалите” на третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
На натпреварите одиграно во текот на изминатиот викенд, беа постигнати овие резултати:
Емполи – Сампдорија 1:1,
Чезена – Каљари 0:1,
Киево – Аталанта 1:1,
Палермо – Фиорентина 2:3 ,
Парма – Верона 2:2,
Удинезе – Сасуоло 0:1,
Милан – Торино 3:0,
Јувентус – Наполи 3:1 и
Џенова – Аталанта 1:1.
Табела:
Јувентус 86 бодови,
Рома 70,
Лацио 66,
Наполи 63,
Фиорентина 61,
Џенова 59 .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



