Меѓународниот монетарен фонд ќе отпушти нова помош за Грција, но при определени услови и тоа Фондот ќе го стори и покрај рациите на голем број од неговите членови, пишува германскиот весник „Велт“.
Весникот нагласува дека американски владини претставници кои побарале анонимност им дале уверување на нивните европски колеги дека ММФ ќе учествува во идниот трет спасувачки пакет финансиска помош за Грција, но во услови доколку Атина и нејзините кредитори постигнат спогодба за успешно финализирање на вториот пакет реформи.
„Велт“ оценува дека позитивните сигнали од Вашингтон се во корист и за германската поддршка, која учеството на ММФ го посочуваше како неопходен услов за учеството и на самата Германија во новата програма за помош на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!