По втор пат се спроведува групна венчавка во црквата „Света Петка“ во кумановската населба Бедиње, а трет пат во епрхијата со благослов на митрополитот на Кумановско-осоговската епрахија г. Јосиф.
Пет брачни двојки ја ветија својата љубов пред Бога. Сопружниците кои со години се во граѓански брак се решиле понатамошниот брачен живот да го поминат со исполување на Светата тајна венчавање.
– Никој не се сомнева во љубовта на овие брачни двојки, но со венчавањето ќе го имаат Христа меѓу себе за да биде водител во нивниот живот, изјави отец Антонио Стоилковски од црквата „Света Петка“.
Тој апелираше до паровите кои не се венчани да се обратат во Црквата, да ги споделат размислувањата со своите свештеници, со кои ќе пронајдат заеднчко решение за сите проблеми и да не го започнуваат својот заеднички живот без Светата тајна – венчавање.
Сопружниците Димче и Лидија Петковски, кои 37 години се во брак велат дека кога стапиле во брачна заедница условите биле поинкави. Денеска нивни сведоци беа двајцата возрасни синови.
По 45 години заеднички граѓански брак се венчаа и сопружниците Ѓорѓи и Миланка Димитровски, кои беа придружувани од своето семејство и внучето.
Биљана и Горан Димиќ кои денеска се венчаа по 23 години брак им се заблагодарија на епархијата, митрополитот на Кумановско-осоговската епрхија и свештенослужителите кои овозможија групно венчавањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



