| четврток, 6 декември 2018 |

НБА плеј оф: Голден Стејт на една победа до финалето

game3westcurry

Вкупно 40 поени постигна МВП играчот на сезоната Стеф Кари во финалето на Запад (натпревар број 3) и Голден Стејт го победи Хјустон со 115:80 на негов терен. Сега Голден Стејт е на една победа до големото финале (Г.Стејт води со 3-0). Следниот натпревар се игра во понеделник вечер повторно во Хјустон.

Кари имаше извонредна вечер и постигна 7 тројки од девет обиди, а неговата екипа победата ја имаше обезбедено уште на полувремето кога водеше со 62:37.
Кај Хјустон најефикасен беше Џејмс Харедн со 17 поени, додека Двајт Хауард имаше по 14 поени и скокови.
Вечерва се игра натпреварот број 3 од финалето на Исток меѓу Кливленд и Атланта (2-0 за Кливленд),  а Атланта ќе игра без Клај Корвер, за кого оваа сезона најверојатно заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top