Со вкупно 365 поени, шведскиот претставник Мaнс Зелмерлев победи на 60 јубилејно издание „Евровизија 2015“.
Мaнс од самиот почеток важеше за еден од најголемите фаворити за победник на овогодинешниот Евросонг и сепак ја оправда таа улога.
Комбинирани гласови од публиката и стручно жири на секоја земја, го одлучија победникот на овогодинешниот европски фестивал.
Шведскиот претставник со песната „Херои“ ја направи својата земја домаќин на наредното, 61. издание на избор за најдобра евровизиска песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.