| четврток, 6 декември 2018 |

Силна поддршка од ЕПП за премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија (ЕПП) го поддржува премиерот Никола Груевски и стои зад него и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Gruevski-EPP-620x330_thumb_medium500_266

Ова го истакна портпаролот на ЕПП, Зигфрид Мурешан, додавајќи дека воопшто не е намалена довербата што ЕПП ја има во оваа македонска партија.

– ВМРО-ДПМНЕ е членка Европската народна партија и ја има поддршката на ЕПП- рече Мурешан и нагласи дека во врска со прислушување, ЕПП очекува властите “да испитаат и да разјаснат се што треба да се разјасни”, додавајќи дека оценувањето треба да биде засновано на цврсти докази.

– Премиерот Никола Груевски победи на демократски избори. Мнозинството од народот им ја даде довербата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски. Тој треба да бидe oставен да управува со земјата. Нему треба да му биде дозволено да го продолжи својот мандат – рече портпаролот на ЕПП.

Мурешан исто така тврди дека од парламентарните избори во 2014 година, социјалдемократите не се присутни во Собранието, што според него е неприфатливо.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top