Екстремистите на Исламска држава имаат застрашувачки план за наредните 12 месеци. Во пропагандниот материјал кој го раширија на Интернет џихадистите тврдат дека во рок од една година можат да набават нуклеарно оружје и планираат во свои раце да имаат нуклеарна бомба.
Нивниот план е да успеат да се снабдат со атомско вооружување преку трговците за оружје кои се поврзани со корумпираните пакистански должници.
Организацијата сепак признава дека би можеле да се соочат со големи предизвици при набавката на таквото оружје и дека би можеле да се задоволат и со неколку илјади тони експлозивен амониум нитрат.
Текстот е наводно напишан од еден британски заложник и новинар Џон Кантил, а во него се тврди дека нападите од минатото ќе изгледаат сосема безначајно во однос на идните напади врз Западот.
– Тие ќе бидат во потрага по нешто големо, нешто што било која операција од минатото ќе направи да изгледа како “пукање во верверичка”, а колку што е поголема групата која ветува верност, веројатноста за тие да успеат да направат нешто навистина епско е сè поголема.
– Запомнете, сето ова се случува за помалку од година дена. Колку ќе бидат опасни комуникациските линии и залихи за година дена од денес?
Новата пропаганда следеше после двете големи победи на Исламската држава помеѓу кои е и превземањето на речиси потполна контрола над древната Палмира.
Падот на градот претставува голем пораз за силите на сирискиот претседател Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро