Барселона ја прослави 23. титула шампион на Шпанија, а денот во главниот град на Каталонија мина во чест на легендарниот Чави Ернандес, играч кој се прости од својот матичен клуб по 24 години минати во него. Со бурни овации публиката на „Камп Ноу“ го поздрави Чави во финишот на натпреварот со Депортиво Ла Коруња, кога еден од најдобрите играчи на денешницата излезе од игра. Мечот заврши нерешено 2-2, на радост на двете екипи, а и играчите на теренот се ракуваа со легендата на Барса.
Чави ќе ја продолжи кариерата во катарскиот клуб Ал Сад. На нерешениот резултат се радуваа и гостите кои успеаја да се изборат за опстанок, иако губеа и со 0-2 од Барселона.
Каталонците се шампиони на Шпанија и со нив во Лигата на шампионите следната сезона ќе играат и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Валенсија, а можно е да им се приклучи и Севилја, ако во среда во Варшава победи во финалето на Лига Европа со Днипро.
Од лигата испаднаа Еибар, Кордоба и Алмерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија