Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и релативно топло, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд со грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во првите два дена од наредната недела во земјава ќе преовладува сончево време со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи.
Од втората половна на наредната недела се очекува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, само наместа можни се ретки грмежи. Температурата ќе биде во опаѓање, а врнежите се очекува да бидат пообилни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.