Македонскиот репрезентативец Николче Новески ги одигра последните 90 минути за Мајнц против гигантот Баерн на простувањето со кое стави точка на фудбалската кариера.
Новески по една сезона во Пелистер замина за Германија во 1998 година и првично играше за Ханза, а потоа го носеше и дресот на Ауе.
Во Мајнц пристигна во 2004 година и оттогаш не го менуваше дресот. Македонецот ја носеше капитенската лента и е една од легендите на Мајнц со над 300 одиграни натпревари.
На простувањето на Новески, Мајнц загуби од Баерн со 0-2 на гости во Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.