| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнати 20 позиции на Исламската држава

Мултинационалните сили предводени од САД, извршија 15 напади врз позиции на групацијата Исламска држава во Ирак, претежно околу градот Рамади, кој неодамна беше заземен од исламистите. Во нападите во околината на Рамади беа уништени тенкови, оклопни возила и рачно изработени експлозивни направи на џихадистите.

Пет напади се извршени и врз позиции на ИД во Сирија, во близина на Хасака, Деир ал Зур и Кобане.

Американски претставници од Министерството за одбрана изјавија дека Иран се вклучил во битката за враќање на контролата врз најголемата ирачка нафтена рафинерија во Баиџи. Иран учествува во мал број сили, артилерија и тешко вооружување за поддршка на ирачките копнени сили, кои се обидуваат да ја вратат контролата врз рафинеријата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top