Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
– Мисијата на светите браќа беше да им се овозможи на словенските народи сами да го спознаваат Божјото слово, сами да ја создаваат и да ја пренесуваат својата култура, традиција, сами да ја пишуваат својата историја. Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација за кои тие се залагаа и денес се основни универзални и европски човечки вредности, се вели во честитката на Иванов.
Давајќи ни писменост, светите Кирил и Методиј, како што е наведено, го ослободија нашиот духовен и творечки потенцијал. Нивното благородно дело во Македонија го продолжија и преродбениците, кои одново ни ја вратија довербата во македонскиот јазик, а со тоа и довербата во нас самите.
– Наша должност кон светите браќа кои ни дадоа азбука, кон учебникарите кои нè образуваа, кон преродбениците кои нè просветлуваа, кон поетите и писателите кои го подмладуваа нашиот јазик, е одговорно да го користиме јавно изговорениот збор. Бидејќи, нашиот јазик е единствената наша комплетна татковина, која и во време на предизвици сме должни да ја чуваме со зборови на сплотеност и почитување, независно од нашите идеи, погледи и ставови. Почитувајќи ги јазикот, писмото и културата градиме заедничка мисија за достоинство и чест за секој граѓанин, стои во честитката на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија