| четврток, 6 декември 2018 |

„Икс-фактор“ посветен на „Евровизија“

11351454_10153263606478758_8272967001953383550_n

Утревечер и во понеделник, концертите во живо на „Икс-фактор“ ќе бидат посветени на „Евровизија“, па финалистите ќе треба отпеат по еден од најголемите евровизиски хитови.

Бидејќи на постоечките 11 финалисти ќе им се придружат уште четворица, во секоја од двете епизоди ќе отпадне по еден кадидат.

Минатата недела отпадна семејниот бенд „Инфинитас, а преку гласовите на„Фејсбук“ во натпреварувањето се враќаат Босанците Аднан и Тарик.

Продукцијата одлучи да врати и уште тројца кандидати, а судиите решија тоа да бидат црногорското трио Хајуеј, Црногорецот Милан Букилиќ и нашиот Боби Мојсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top