Утревечер и во понеделник, концертите во живо на „Икс-фактор“ ќе бидат посветени на „Евровизија“, па финалистите ќе треба отпеат по еден од најголемите евровизиски хитови.
Бидејќи на постоечките 11 финалисти ќе им се придружат уште четворица, во секоја од двете епизоди ќе отпадне по еден кадидат.
Минатата недела отпадна семејниот бенд „Инфинитас“, а преку гласовите на„Фејсбук“ во натпреварувањето се враќаат Босанците Аднан и Тарик.
Продукцијата одлучи да врати и уште тројца кандидати, а судиите решија тоа да бидат црногорското трио „Хајуеј“, Црногорецот Милан Букилиќ и нашиот Боби Мојсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)