| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски на Втората пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Тирана

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе учествува на Втората пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Тирана.

Во рамки на Пленарната сесија, Вељаноски ќе се обрати на тема: „Улогата на парламентите во процесот на интеграција и размена на искуства и соработка во оваа рамка“.

На состанокот Вељаноски присуствува на покана на претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top