Италијанската манекенка Алесија Тедески со години наназад е позната по бурниот љубовен живот кој го водела со разни фудбалери, а последен во низата е фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, кој токму со неа ја изневерил долгогодишната девојка, руската манекенка Ирина Шајк.
Русинката го оставила Роналдо непосредно пред изборот за Златна топка, а недолго после тоа во јавноста излезе со приказна дека Португалецот ја изневерил. Медиумите многу брзо се впуштија во потрага по мистериозната жена со која бил Роналдо и дошле до името на Алесија.
Тие двајца наводно и понатаму се гледаат, а еден италијански магазин дошол до сознание дека Алесија често патувала во Мадрид кај Роналдо, како и дека неодамна била негова гостинка во ложата на мечот против Јувентус.
Наводно после натпреварот поминале романтична вечер, пишува спортскиот весник „Gazzetta dello Sport“. Не се знае дали успеала да го утеши разочараниот Роналдо после болниот пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.