Моделот е целосно редизајниран за 2015 година, па измените сега се релативно мали, но вклучуваат нови пакети опрема и различни опции кога станува збор за надворешниот изглед.
„Мустанг екобуст премиум“ може да биде опремен со нов пакет „пони“, кој вклучува различен амблем на предната маска, нови странични линии, хромирани лајсни и уникатни 19-инчни алуминумски бандажи.
Купувачите на новиот „мустанг ГТ“ можат да го порачаат со новиот пакет „блек аксент“, кој во себе содржи црн заден спојлер, црни амблеми и специјални 19-инчни бандажи од алуминиум.
Ако тоа не ги задоволува вкусовите на новите сопственици, „мустанг ГТ“ може да се добие и со пакетот „Калифорнија специјал“, кој вклучува различни странични линии, како и нови линии на капакот на моторот и на задниот спојлер. Пакетот во себе содржи и преден разделник, редизајнирана предна маска, нова конструкција за зацврстување на шасијата и 19-ични црни алуминиумски бандажи. Внатрешноста е обложена со ебони-кожа, а седиштата се изработени со мико-материјал. Користен е црвен конец за рабовите, а се вградени и алуминумски украси на инструменталната табла.
„Мустанг ГТ кабриолет“ доби нов пакет „перформанс“, кој во себе има нов поголем ладилник, прачка за зацврстување на каросеријата, спортска суспензија и поиздржливи федери на амортизерите. Освен тоа, вграден е нов диференцијал со ограничено пролизгување, преден разделник со агресивен изглед, како и 19-инчни црни алуминумски бандажи со гуми со високи карактеристики. Измените во кабриолетот се заокружени со подобрен систем за контрола на стабилноста, подобрен систем за управување и помошни инструменти.
Новиот „мустанг“ потсетува на моделот од 1967 година бидејќи во внатрешноста се вградени покажувачи на насоката како во моделот од пред речиси 50 години. Новиот автомобил може да биде опремен и со нов мултимедијален систем и да биде изработен со црвен покрив и со црни или сребрени линии.
Од фабриката најавуваат дека првите модели може да бидат достапни за купувачите во втората половина на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст