| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува успешната приказна на „мустанг“

Аме­ри­кан­ска­та ком­па­ни­ја за про­из­водс­тво на авто­мо­би­ли „Форд“ го откри изг­ле­дот на но­ви­от „му­станг“

Мо­де­лот е це­лос­но ре­ди­зај­ни­ран за 2015 го­ди­на, па из­ме­ни­те се­га се ре­ла­тив­но ма­ли, но вклу­чу­ва­ат но­ви па­ке­ти опре­ма и раз­лич­ни оп­ции ко­га ста­ну­ва збор за над­во­реш­ни­от изг­лед.

„Му­станг еко­буст пре­ми­ум“ мо­же да би­де опре­мен со нов па­кет „по­ни“, кој вклу­чу­ва раз­ли­чен амб­лем на пред­на­та ма­ска, но­ви стра­нич­ни ли­нии, хро­ми­ра­ни лајс­ни и уни­кат­ни 19-инч­ни алу­ми­нум­ски бан­да­жи.

Ку­пу­ва­чи­те на но­ви­от „му­станг ГТ“ мо­жат да го по­ра­ча­ат со но­ви­от па­кет „блек аксент“, кој во се­бе со­др­жи црн за­ден спој­лер, цр­ни амб­ле­ми и спе­ци­јал­ни 19-инч­ни бан­да­жи од алу­ми­ни­ум.

Mustang-GT-Premium-2015-006

Ако тоа не ги за­до­во­лу­ва вку­со­ви­те на но­ви­те сопс­тве­ни­ци, „му­станг ГТ“ мо­же да се до­бие и со па­ке­тот „Ка­ли­фор­ни­ја спе­ци­јал“, кој вклу­чу­ва раз­лич­ни стра­нич­ни ли­нии, ка­ко и но­ви ли­нии на ка­па­кот на мо­то­рот и на зад­ни­от спој­лер. Па­ке­тот во се­бе со­др­жи и пре­ден раз­дел­ник, ре­ди­зај­ни­ра­на пред­на ма­ска, но­ва кон­струк­ци­ја за зац­вр­сту­ва­ње на ша­си­ја­та и 19-ич­ни цр­ни алу­ми­ни­ум­ски бан­да­жи. Вна­треш­но­ста е об­ло­же­на со ебо­ни-ко­жа, а се­ди­шта­та се изра­бо­те­ни со ми­ко-ма­те­ри­јал. Ко­ри­стен е цр­вен ко­нец за ра­бо­ви­те, а се вгра­де­ни и алу­ми­нум­ски укра­си на ин­стру­мен­тал­на­та таб­ла.

Mustang-GT-Premium-2015-004

„Му­станг ГТ ка­бри­о­лет“ до­би нов па­кет „пер­фор­манс“, кој во се­бе има нов по­го­лем ла­дил­ник, прач­ка за зац­вр­сту­ва­ње на ка­ро­се­ри­ја­та, спорт­ска сус­пен­зи­ја и по­из­држ­ли­ви фе­де­ри на амор­ти­зе­ри­те. Освен тоа, вгра­ден е нов ди­фе­рен­ци­јал со огра­ни­че­но про­лиз­гу­ва­ње, пре­ден раз­дел­ник со агре­си­вен изг­лед, ка­ко и 19-инч­ни цр­ни алу­ми­нум­ски бан­да­жи со гу­ми со ви­со­ки ка­ра­кте­ри­сти­ки. Из­ме­ни­те во ка­бри­о­ле­тот се за­о­кру­же­ни со по­до­брен си­стем за кон­тро­ла на ста­бил­но­ста, по­до­брен си­стем за упра­ву­ва­ње и по­мош­ни ин­стру­мен­ти.

Mustang-GT-Premium-2015-003

Но­ви­от „му­станг“ по­тсе­ту­ва на мо­де­лот од 1967 го­ди­на би­деј­ќи во вна­треш­но­ста се вгра­де­ни по­ка­жу­ва­чи на на­со­ка­та ка­ко во мо­де­лот од пред ре­чи­си 50 го­ди­ни. Но­ви­от авто­мо­бил мо­же да би­де опре­мен и со нов мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем и да би­де изра­бо­тен со цр­вен по­крив и со цр­ни или сре­бре­ни ли­нии.

Од фа­бри­ка­та нај­а­ву­ва­ат де­ка пр­ви­те мо­де­ли мо­же да би­дат до­стап­ни за ку­пу­ва­чи­те во вто­ра­та по­ло­ви­на на 2015 го­ди­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top