Повеќе од десет години доктор Дин Бјутнер работи со тим експерти што ја проучуваат долговечноста. Тој напиша научен труд за регионите што се викаат „сини зони“ каде што многу луѓе живеат до стотата година. Тој со својот тим ја проучуваше исхраната на овие луѓе и намирниците што ги внесуваат. Потоа издвоил шест навики во исхраната што го продолжуваат животот.
Консумирајте многу зеленчук
Цело зрно и грав доминираат во оброците во„сината зона“. Овие луѓе јадат многу различен зеленчук. Сè што има зелена боја влијае на тоа да живеете подолго. Студиите покажале дека средовечните луѓе што дневно конзумираат една шолја варен зелен зеленчук имаат двојно помалку шанси да се разболат.
Месо двапати неделно
Ограничете го внесувањето месо двапати неделно и тоа нека биде пилешко, јагнешко и свинско.
Јадете риба секој ден
Рибата е најдобра за намалување на телесната тежина, но и за одржување на здравниот организам.
Намалете ги млечните производи
Организамот на возрасен човек не е направен добро да го вари кравјото млеко, кое е богато со масти и со шеќер. Најдобро е потребниот калциум да се консумира од зеленчукот. Ако не можете без млечни производи, консумирајте продукти што доаѓаат од овчо или козјо млеко.
Јадете најмногу до три јајца неделно
Се препорачува најмногу до три јајца неделно. За појадок може да консумирате едно јајца со салата и ќе видите дека тоа ви е доволно.
Јадете тесто од цело зрно
Лебот е тој што ги поврзува јадењата. Но, најчесто се консумира тесто од цело зрно и се избегнува глутен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.