| четврток, 6 декември 2018 |

НУБ „Св. Климент Охридски“ на 29. Конференција на националните библиотеки од Европа

 

Во Берн, во зградата на швајцарскиот парламент, во организација на Швајцарската национална библиотека, на 18 и 19 мај се одржа 29. Конференција на националните библиотеки од Европа – ( CENL – Conference of European National Libraries). Република Македонија беше претставена од директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, д-р Иван К. Заров.

На конференцијата беше избран нов претседател на бордот. Досегашниот претседател г. Бруно Расин, директор на Француската национална библиотека, го отстапи местото на новоизбраниот претседател на конференцијата, г. Роли Китинг, актуелен директор на Британската библиотека, со мандат да ја води во следните четири години.

На конференцијата се разгледуваа стратегиските приоритети за развој за периодот од 2015 до 2018 година, модалитетите на ажурирање и на спроведување на процесот на дигитализација, регулирањето на прекуграничните авторски права, соработката со федерацијата на европски издавачи, меѓународниот стандарден идентификатор на имиња (ISNI), како и поддршката за прераснување на Европската Библиотека (The European Library) во доминантен дигитален сервис што перманентно би се ажурирал со податоци од сите европски библиотеки и би бил достапен за огромен меѓународен аудиториум.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top