Фудбалскиот клуб Барселона ќе организира лотарија за 13 илјади влезници што ги доби од УЕФА за финалето во Лигата на шампионите. Во Берлин ќе патуваат најсреќните симпатизери на Барса, кои ќе бидат извлечени на шоуто во организација на клубот што ќе оди директно во живо на телевизија.
До клубот пристигнале околу 80 илјади барање за билет за финалето во ЛШ против Јувентус на 6. јуни, но според правилата на УЕФА на двата финалисти им следуваат по нешто повеќе од 13 илјади влезници. За да биде во духот на фер-плејот од Барселона одлучија на транспарентен начин да ги поделат билетите. Право на учество во лотаријата имаат само навивачите со членски карти од Барселона, а дел од влезниците се наменети за спонзорите и за челниците на каталонскиот гигант.
Капацитетот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин е 77 илјади места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.