| четврток, 6 декември 2018 |

Чин за почит – во тестаментот оставиле милион долари за белградската болница

514946_institut-foto-v-lalic0427_f

Покојните Ѓуро и Илинка Трифуновиќ, брачна двојка од Канада, во нивниот тестамент му оставија еден милион канадски долари на Институтот за мајка и дете во Белград. Трифуновиќ билe по потекло од Косово, oд каде што заминалe за Канада по Втората светска војна.

На почетокот на годинава, детската болница била контактирана од адвокатска фирма од Канада, која Трифуновиќ ја ангажирале за реализација на своите желби. Во целиот процес биле вклучени и нивните роднини од Белград, кои заедно со другите потомци одлучиле дека парите ќе ги добие токму Институтот за мајка и дете.

Директорот на здравствената установа, Радоје Симиќ, за „Блиц“ вели дека чинот на брачната двојка Трифуновиќ е за почит.

– Тоа е чин без преседан. Вакво нешто не се случило, барем во последните 30 години колку што сум јас во здравството – објаснува д-р Радоје Симиќ.

Тој вели дека е уплатен првиот дел од донацијата во износ од 424.000 долари и дека во консултација со член на семејството Трифуновиќ од Белград се утврдени приоритетите и каде ќе се инвестираат парите.

– Во план е да се реновира третиот кат од нашата болница со три одделенија во кои се третираат тешки пациенти со ретки болести. Овој оддели ќе бидат и опремени. Ќе се реконструираат три лаборатории, за вродени метаболички нарушувања, микробиологија и патологија – објаснува директорот на Институтот за мајка и дете.

Меѓу другото ќе се купува и апарат артоскоп, а планот е да се купи и опрема за Одделот за интензивна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top