Матуранти од Скопје, Охрид и од Гевгелија заедно со нивните врсници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора денеска точно напладне ќе го одиграат танцот квадрил во рамките на традиционалната манифестација „Матурска парада 2015“.
Во Скопје, на плоштадот „Пела“ ќе танцуваат околу 800 матуранти од 21 средно училиште, а во Охрид и во Гевгелија се очекува да учествуваат 400 матуранти од пет средни училишта.
Елемент што оваа манифестација ја прави поатрактивна е што секоја година се прави обид да се постави Гинисиов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места, односно во различни градови. Во изминатите 14 години од одржувањето на манифестацијата седум пати се поставувани вакви рекорди, а вкупниот број на учеснци е 281.988 матуранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”
-
Не си фраер ако загинеш на матура – РСБСП апелира матурантите да не управуваат моторно возило за време на прославите