| четврток, 6 декември 2018 |

Борците на Исламска држава оштетија православна црква во Мосул

Борци на Исламска држава осквернавија црква во ирачкиот град Мосул, јави денеска телевизијата Ал Арабија.

Џихадистите го извадиле крстот од фасадата на црквата Безгрешно зачнување. Членови на Исламска држава со часови со мотики и чекани го ваделе крстот, а потоа видео-снимка од уништувањето поставиле на исламистичка интернет-страница. Црквата Безгрешно зачнување припаѓа на Сириската православна црква и е една од најстарите верски објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top