Времето утрe претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во сабота ќе дува умерен наместа и засилен јужен ветер, додека во недела во попладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.