| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз за Атланта, Антиќ без поени против Кливленд

Атланта хоукс го претрпи првиот пораз во историското финале на источната конференција за клубот против Кливленд кавалирс. „Јастребите“ загубија со 89-97 на домашен терен во „Филипс арена“ и веќе ја немаат предноста од еден меч повеќе на свој терен.

Перо Антиќ не успеа да го погоди кошот за 10 минути игра во дресот на Атланта. Поразот беше неминовен против разиграниот ривал кој ги имаше одличните Леброн Џејмс, Џеј Ар Смит и Тристан Томпсон. Џејмс забележи 31 поен со 8 скока и 6 асистенции, Смит уфрли 28 поени, со шут за тројка 8/12, а Томпсон забележи 14 поени и 10 скока и донесе предност под кошевите. Кливленд ја доби битката во скокот, а разликата беше очигледна. Гостите забележаа 49 скока, за разлика од Атланта чиишто играчи фатија 37 топки под обрачите.

pero-antic-interview-600

Џеф Тиг со 27 поени беше најефикасен кај Хоукс, екипа што има и кадровски проблеми пред втотиот меч од серијалот до 4 победи. Се повреди Демар Керол и тој нема да игра на следниот меч поради проблем со скочниот зглоб. Керол е најважниот шраф во одбраната на Атланта и играч што е задолжен да го чува Џејмс.

Атланта првпат во клупската историја игра финале во источната конференција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top