| четврток, 6 декември 2018 |

На 28 мај во Женева почнуваат мировни преговори за излез од кризата во Јемен

На 28 мај во Женева почнуваат мировни преговори за уредување на конфликтот во Јемен, изјави портпарол на ОН.

united-nations-638x425

Консултациите ќе дадат можност да се обнови динамиката во процесот на политичката транзиција под покровителство на јеменските претставници, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Генералниот секретар се надева преговорите да помогнат за обнова на политичкиот процес во Јемен, за намалување на насилството и за олеснување на хуманитарната ситуација, која стана нетрпелива, рече портпаролот на генералниот секретар.

Јеменската Влада во прогонство настојува шиитските бунтовници хути да се повлечат од заземените територии, пред да се вклучи во мировните преговори, рече јеменскиот министер за надворешни работи. – Ќе одиме во Женева, само ако има промена на ситуацијата во Јемен, изјави Ријад Јасин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top