| четврток, 6 декември 2018 |

Литвански шпион „фатен на дело“ во Москва

фсб

Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) денеска соопшти дека држи во затвор литвански шпион, кој е фатен „на дело“ во Москва, за време на размена на доверливи документи.

– На 19 мај руската ФСБ уапси литвански граѓанин во Москва, кој бил службеник на литванската разузнавачка служба. Странскиот шпион е фатен на дело додека примал тајни документи од руски граѓанин, се наведува во соопштението – објавено од руските медиуми.

Во соопштението се наведува дека фатениот литвански шпион признал на офицер дека е од воената служба за разузнавање на литванското министерство за одбрана.

– Шпионот сега се наоѓа во затворот Лефортово, во Москва – се наведува во соопштението на ФСБ.

Судот подоцна наредил мажот, кој се изјаснил како Арстидас Тамошаитис да биде држен во притвор два месеци за време на истрагата, изјави портпаролката на судот.

– Литванското министерство за одбрана не ги коментира ваквите информации – изјави денеска портпаролката на министерството Аста Галдикаите во Вилнус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top