Три лица од Штип синоќа во 21 часот на булеварот „Србија“ во Скопје со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 39-годишниот Д.М. одземајќи му околу 8.500 денари и два мобилни телефона.
Напаѓачите Т.Б.(26), Н.Т. (26) и М.К. (26), кои по нападот го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 30.000 денари, се пронајдени и приведени од страна на Алфите.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.