| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата бара од Коѕиас одговори за Македонија, Турција и зa Албанија

Greece's new government

Пратениците на грчката опозициска партија Нова демократија од парламентарниот Комитет за одбрана и надворешни работи бараат од министерот за надворешни работи Никос Коѕиас да „информира за случувањата во соседните земји во поглед на стабилноста во поширокиот регион на Грција“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, координаторот за надворешна политика и безбедност на Нова демократија, Костас Тасулас изрази загриженост во врска со „подемот на турските провокации во Егејското Море и тензијата во Скопје“, додека последното барање на Албанија за мапите на копнените истражувања во Епир, го нарече „неприфатлива провокација“.

– Овие пршања бараат решителни и сериозни реакции од грчката страна, нагласи Тасулас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top