| четврток, 6 декември 2018 |

Касано: Роналдо е Надал, но Меси е како Федерер

Италијанскиот фудбалер Антонио Касано се вклучи во дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер на денешницата. Поранешниот играч на Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Милан својата подршка ја даде на аргентинскиот виртуоз Лионел Меси кој го смета за најдобар фудбалер на сите времиња.

– Меси е најдобар во историјата. Многумина не го делат моето мислење бидејќи Марадона направил повеќе со освојување на мундијалското злато. Сепак тоа беа некои други времиња. Лео и Кристијано се врвни фудбалери, но исто така и сосема различни. Ако ги споредиме во тенисот, Роналдо е како Надал, но Меси е Федерер. Верувам дека со тоа објаснив се – изјави Касано.

Тој во продолжение на изјавата се осврна и на првиот човек на клупата на Јувентус, Масимилијано Алегри кој многу го цени како стручњак, преводејќи го својот клуб до финалето на Лигата на шампионите.

– Алегри беше оспоруван кога дојде во Торино. Дури и напаѓачите му го завртеа грбот, но со квалитетна работа на сите им докажа дека е врвен стручњак. Да се победи Барселона во финалето ќе биде исклучително тешко, но тоа е еден меч во кој се може да се случи. Јас имав неколку понуди од Јувентус, последната во јануари, но четири пати го одбивав овој клуб – истакна Касано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top