Се погласни се шпекулациите кои доаѓаат од Пиринејскиот полуостров дека тренерот на Реал Мадрид Италијанецот Карло Анчелоти ќе си замине од кормилото на „кралскиот“ клуб.
Главните играчи во клубот, Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Тони Крос, Серхио Рамос имале неформална средба со претседателот на клубот Флорентино Перез и му ставиле до знаење дека целосно застануваат зад Анчелоти и побарале да не дојде до тренерска смена.
Токму поради тоа мадридските медиуми тврдат дека се поголеми се шансите Италијанецот да остане на клупата и следната сезона.
Како наследници на Анчелоти на клупата се спомнуваа, Бенитез, Лев, Клоп и Зидан, но по ваквата реакција на фудбалерите по се изгледа Анчелоти ќе има шанса да си го одбработи својот договор до крај кој истекува во јуни 2016 година и со тоа би се поклопил првичниот план на Перез по истекот на овој договор на клупата да седне легендата на светскиот фудбал Зинедин Зидан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)