| четврток, 6 декември 2018 |

Во Монтреал уапсени 10 лица поради обид за приклучување кон ИД

ид

Канадската полиција уапсила 10 момчиња на меѓународниот аеродром во Монтреал при обид да ја напуштат земјата и да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Според полицискиот извештај, групата е уапсена минатиот викенд, а нивните пасоши ќе бидат одземени. Момчињата се обвинети поради нивната намера да им се приклучат на милитантите од ИД, кои контролираат големи територии во Сирија и Ирак.

Се уште не е поднесена пријава против нив и полицијата разговара со нивните семејства. Апсењето е извршено неколку месеци откако пет момчиња и две девојки ја напуштија Канада и веројатно се придружиле на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top