Голден стејт вориорс поведе со 1-0 против Хјустон рокитс во финалната серија до 4 победи во Западната конференција од НБА лигата. Предводени од Стефон Кари кој постигна 34 поени, воините славеа со 110-106. Хјустон одлично го почна мечот и поведе со 7 поени разлика, но од вториот период Голден стејт воспостави рамнотежа и успеа да поведе со 1-0.
Џејмс Харден постигна 28 поени кај гостите, кои имаат нов неочекуван проблем по повредата на центарот Двајт Хауард. Тој излезе од игра во третата четвртина и подоцна не се врати на паркетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.