| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Русија треба да ги повлече сите војници и тешко вооружување од Украина

јенс

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека му порачал на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, дека Русија треба да ја повлече целата војска и тешко вооружување од Украина и да ја прекине поддршката за сепаратистите, јави ТАСС.

– Ја разгледавме потребата од транспарентност, особено при засилено присуство по границите. За НАТО е важно да направиме што можеме за да се избегне излегувањето надвор од контрола на разни инциденти – рече тој.

Според него, ненајавените воени вежби ја намалуваат транспарентноста во близина на нашите граници. Руската страна треба да покаже поголема отвореност во воената активност за да се избегнат недоразбирања – рече Столтенберг.

Тој, меѓутоа, истакна дека НАТО ги задржува политичките и дипломатски контакти со Русија, како и линиите за воена врска, додаде ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top