| четврток, 6 декември 2018 |

Војуваат Хаџиевски и Управата, настрада Пелистер

Ѓоко Хаџиевски и Управата на Пелистер водат вистинска војна со соопштенија и изјави, а жртва испадна клубот со голема фудбалска традиција и значење за македонскиот фудбал. Клуб кој е расадник на таленти, но и клуб кој повторно ќе мора да игра во Втората лига по несупешната авантура. Кој е виновен, допрва ќе се утврдува во класичен македонски стил. Дали спонзорите од „Цермат“ го излажале Хаџиевски со неисполнување на ветувањата, како што обвинува поранешниот македонски селектор и ценет тренер со многу успеси и кај нас и надвор од земјата, или дека токму тој е најголемиот виновник како што контрираат од раководството, веќе за Пелистер не е ни важно.

Клубот од Битола со светла традиција ќе мора во понизок ранг на натпревари и испадна единствена жртва од игрите и обвинувањата на засегнатите страни.

vardar-pelister-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top