На состанок на македонско-француската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во Париз е договерено за годинава да се размени дополнителна квота од 500 билатерално-транзитни дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Потпишан е протокол, со кој исто така е договорена прелиминарна квота за следната година од 500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард, 2.500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард, 20 времени дозволи за превоз и 100 дозволи за и од трети земји за возила со еуро 5 стандард.
– Договореното зголемување на квотата дозволи што ќе се разменуваат е во насока на задоволување на потребите на македонските превозници за превоз на стока кои возат кон и од Франција. Со ова Министерството за транспорт и врски останува на определбата за целосна поддршка на македонските транспортери во насока на зголемување на извозот и присутноста на европските пазари – се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Законски ограничувања: Казни за неправилен превоз на миленици во автомобил
-
Помалку се гради: Во февруари се издадени 177 градежни дозволи!
-
Груевски: Искористеноста на бесплатниот превоз е огромна, а студентите веќе заборавија како е да се плаќа за автобус
-
Намален бројот на патници во патниот, зголемен во авиопревозот



