| четврток, 6 декември 2018 |

Mакедонските превозници со Франција добија дополнителна квота од 500 дозволи

превоз

На состанок на македонско-француската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во Париз е договерено за годинава да се размени дополнителна квота од 500 билатерално-транзитни дозволи, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Потпишан е протокол, со кој исто така е договорена прелиминарна квота за следната година од 500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 4 стандард, 2.500 билатерално-транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандард, 20 времени дозволи за превоз и 100 дозволи за и од трети земји за возила со еуро 5 стандард.

– Договореното зголемување на квотата дозволи што ќе се разменуваат е во насока на задоволување на потребите на македонските превозници за превоз на стока кои возат кон и од Франција. Со ова Министерството за транспорт и врски останува на определбата за целосна поддршка на македонските транспортери во насока на зголемување на извозот и присутноста на европските  пазари – се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top