Американската компанија „Леар“ официјално ја објави својата инвестиција во Република Македонија вредна 15 милиони евра.
Станува збор за втора по ред најголема компанија која инвестира овде, веднаш по Џонсон Контролс.
„Леар“ произведува висококвалитетни навлаки за седишта од ткаенина и кожа.
Како што информираше министерот за странски инвестиции, Веле Самак, „Леар“ ќе почне со браунфилд инвестиција и до крајот на годинава ќе вработи 300 лица.
Предвидено е до средината на 2016 година „Леар“ да вработи над 2.000 лица од полошкиот регион.
Производите кои „Леар“ ќе ги произведува во Македонија ќе бидат наменети за извоз до европските брендови на автомобили.
Прво ќе почнат со ангажирање раководен менаџмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст