| четврток, 6 декември 2018 |

Самак: „Леар“ до крајот на годинава ќе вработи 300 лица

learcorp

Американската компанија „Леар“ официјално ја објави својата инвестиција во Република Македонија вредна 15 милиони евра.

Станува збор за втора по ред најголема компанија која инвестира овде, веднаш по Џонсон Контролс.

„Леар“ произведува висококвалитетни навлаки за седишта од ткаенина и кожа.

Како што информираше министерот за странски инвестиции, Веле Самак, „Леар“ ќе почне со браунфилд инвестиција и до крајот на годинава ќе вработи 300 лица.

Vele_Samak_g_1

Предвидено е до средината на 2016 година „Леар“ да вработи над 2.000 лица од полошкиот регион.

Производите кои „Леар“ ќе ги произведува во Македонија ќе бидат наменети за извоз до европските брендови на автомобили.

Прво ќе почнат со ангажирање раководен менаџмент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top