Електронско поврзување на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Катастарот, предвидуваат најновите дополнувања на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост кои денеска го поминаа првото читање пред матичната собраниска комисија.
– Со ваквите интервенции во Законот, им се излегува во пресрет на земјоделците. Тие се растоваруваат од досегашните административни процедури, како и од чекањата пред шалтерите – посочи заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.
Според него, двете институции, Катастарот и Министерството, електронски ќе разменуваат податоци независно дали станува збор за информации од уписи или предмети за запишување во Катастарот.
Дополнувањата добија едногласна поддршка од членовите на Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД