Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите матуранти да не управуваат со возила на матурската вечер.
– Доколку, сепак, го сторат тоа, ризикот за нивното здравје и живот е огромен, а со оглед дека ќе го прекршат законот, во најдобар случај ќе бидат казнети од страна на сообраќајната полиција – соопшти денеска РСБСП.
Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во категоријата возач-почетник спаѓаат сите кои се стекнале со возачка дозвола во минатите 2 години. Овие возачи не смеат воопшто да имаат алкохол во крвта (0 промили дозволени) при управување со возило, смеат да управуваат само возило до 75 киловати и не смеат да возат по 23 часот навечер, освен со придружба на возач постар од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
– Апелираме, на матурските прослави, да покажете дека веќе сте возрасни и да се однесувате свесно и одговорно во сообраќајаот, за да не се случи прославата да се претвори во семејна трагедија. Постојат многу начини како да стигнете на местото на прославата и да заминете од неа: можат да ве однесат родителите, да се возите со такси или со јавен превоз. Но, возењето автомобил во таа пригода не спаѓа во разумни одлуки и затоа ве молиме да не го загрозувате својот живот и животот на останатите учесници во сообраќајот, истакнува РСБСП.
Апелираат и до родителите да не дозволат матурантите да возат на матурската вечер, или, пак, да бидат возени од друг матурант. Доколку сакате да им покажете колку го цените и почитувате нивниот момент, обезбедете им нешто посебно, но никако не им давајте да возат. Со тоа ќе бидете сигурни дека матурската вечер ќе биде прослава без непријатни изненадувања, порачуваат од РСБСП.
Информираат дека полициски патроли ќе бидат присутни насекаде кај што се одржуваат матурски прослави и ќе ги контролираат сите учесници во сообраќајот, како и дека од утре до 27 овој месец во периодот помеѓу 15 минути по полноќ до 5 часот наутро ЈСП обезбеди бесплатен превоз на сите матуранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е Зорица: Ќерката на Ирена Спировска прослави матура (галерија)
-
Матурантите ќе танцуваат квадрил на пладне на плоштад „Македонија“
-
Матурската парада ќе се одржи в петок на пладне на плоштадот “Македонија”
-
Не си фраер ако загинеш на матура – РСБСП апелира матурантите да не управуваат моторно возило за време на прославите



