| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Без разлика на резултатите и етнонационалистичките соништа, Кичево и Струга остануваат нераскинлив дел од Македонија

Премиерот Никола Груевски вечерва порача дека без разлика како ќе заврши пребројувањето на гласовите во Кичево и Струга, тие ќе останат нераскинлив дел од Македонија и владата нема да се откаже од ниту од нив, ниту од граѓаните кои живеат таму.

-На овие денешни избори покажавме дека во политиката кога станува збор за висок нацонален интерес можеме да се здружиме со нашите ривали. Тоа може да ни биде поука за идни слични ситуации. Без разлика како ќе зврши пребројувањето на гласовите во Кичево и Струга и во други градови во западна Македонија. Сакам да упатам порака дека и Кичево и Струга се, и ќе останат Република Македонија и ќе останат наш нераскинлив дел без разлика на различни етнонационалистички соништа и илузии и ние нема да се откажеме од ниту една од нив. Тоа сакам да го испратам како порака и до Кичево и до Струга и до сите граѓани таму, порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top