| четврток, 6 декември 2018 |

Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски: Ту­ка мо­ра да сме нас­ме­а­ни, но со мис­ли­те си­те сме во Ма­ке­до­ни­ја

Еу­фо­ри­ја­та и воз­бу­да­та ги не­ма во це­ли­от тим би­деј­ќи ту­ка мо­ра да би­де­ме нас­ме­а­ни и до­бри прет­став­ни­ци, но, од дру­га стра­на, се­кој од нас про­ве­ру­ва што се слу­чу­ва та­му, се слу­ша со ко­ле­ги и бли­ски, ве­ли Кај­ма­ко­ски до­да­вај­ќи де­ка во овој мо­мент не е бит­но вни­ма­ни­е­то кон не­го, бит­но е со­стој­ба­та да би­де по­до­бра за си­те.

Daniel-Kajmakovski-1

Во втор­ник, на пр­ва­та по­лу­фи­нал­на ве­чер од годинашната ју­би­леј­на, 60. „Евро­ви­зи­ја“, Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски првпат ќе ја прет­ста­ву­ва Ма­ке­до­ни­ја. Евро­ви­зи­ска­та еу­фо­ри­ја, ко­ја не­ка­ко е во­о­би­ча­е­на за овој пер­и­од, го­ди­на­ва не се чув­ству­ва. Кол­ку по­ра­ди се­то тоа што се слу­чу­ва во мо­мен­тов во на­ша­та зем­ја тол­ку, ве­ро­јат­но, и по­ра­ди тоа што ве­ќе отрп­нав­ме од „Евро­ви­зи­ја“.

Но, Кај­ма­ко­ски не е ти­пи­чен прет­став­ник, не са­мо за­тоа што ќе се пее во Ви­е­на, не­го­ви­от втор дом, ту­ку и за­тоа што тој се отка­жа од па­ри­те за евро­ви­зи­ска про­мо­ци­ја и реши ме­сто ма­ич­ки и по­сте­ри со не­го­ви­от лик, да да­де свој при­до­нес во Кли­ни­ка­та за дет­ски бо­ле­сти, за ка­де што, бла­го­да­ре­ние на не­го, е ку­пен рес­пи­ра­тор за бе­би­ња.

Тоа не зна­чи де­ка по­ми­на без ка­ква би­ло про­мо­ци­ја во Евро­па, на­про­тив, тој сме­та де­ка не­го­ви­от тим е под­го­твен и на сце­на­та ќе се да­де сто­про­цент­но.

Daniel-Kajmakovski-2

Ка­ко по­ми­на прет­ста­ву­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја низ зем­ји­те? Мо­же­би до­би не­кој ин­те­ре­сен ко­мен­тар или по­ну­да? Ка­де до­би нај­до­бра ре­ак­ци­ја од пуб­ли­ка­та?

Кај­ма­ко­ски: Про­мо­тив­на­та тур­не­ја по­ми­на од­лич­но. Два­та нај­го­ле­ми на­ста­ни се слу­чи­ја во Ам­стер­дам и во Мос­ква. Во Мос­ква це­ла­та ор­га­ни­за­ци­ја бе­ше не­ве­ро­јат­на, осо­бе­но пре­че­кот од обо­жа­ва­те­ли­те. Оста­на­ти­те на­ста­ни не беа ве­чер­ни кон­цер­ти или пред пуб­ли­ка, ту­ку пре­теж­но беа го­сту­ва­ња во ра­ди­о­е­ми­сии или во те­ле­ви­зи­ски еми­сии. На тие го­сту­ва­ња бев­ме од­лич­но пре­че­ка­ни, но­ви­на­ри­те ве­ќе беа до­бро ин­фор­ми­ра­ни за ме­не, за на­ша­та про­мо­ци­ја. На­ви­сти­на, до­кол­ку има­ше по­ве­ќе вре­ме, мо­жев­ме да по­се­ти­ме по­ве­ќе зем­ји, тоа е на­ви­сти­на би­тен дел од про­мо­ци­ја­та.

Ви­е­на е тво­јот втор дом, кол­ку чув­ству­ваш пред­ност по­ра­ди тоа?

Кај­ма­ко­ски: Има пред­ност би­деј­ќи се чув­ству­вам ка­ко до­ма и во са­ла­та „Стад­ха­ле“ сум одел на кон­цер­ти, а се­га јас сум на сце­на­та. Олес­ну­ва тоа што и мо­и­те бли­ски се ту­ка и мо­жам да ја до­би­јам и нив­на­та под­др­шка.

Daniel-Kajmakovski-3

Под­го­твен си? Кои се тво­и­те оче­ку­ва­ња или кој е ре­зул­та­тот што би те раз­о­ча­рал?

Кај­ма­ко­ски: Се чув­ству­вам са­мо­у­ве­ре­но на сце­на, осо­бе­но за­тоа што имам од­лич­на при­друж­ба со ме­не – мом­чи­ња­та од „Мерџ“ (или по­ра­неш­на Блек­стрит). Мо­е­то нај­го­ле­мо оче­ку­ва­ње е да се прет­ста­ви­ме нај­до­бро што мо­же­ме, да ја за­вр­ши­ме оваа евро­ви­зи­ска при­каз­на и да зна­е­ме де­ка сме вло­жи­ме 100 про­цен­ти во неа. Што и да се слу­чи, да зна­е­ме де­ка сме да­ле сѐ од се­бе.

Ќе на­ста­пу­ваш со искус­на, но, пред сѐ, ин­те­рес­на еки­па. Ка­ко од Мерџ гле­да­ат на „Евро­ви­зи­ја“? Се­пак, ба­рем на Бал­ка­нот, око­лу овој фе­сти­вал сѐ уште се кре­ва мно­гу вре­ва.

Kај­ма­ко­ски: „Мерџ“, ка­ко и јас, прв­пат е на евро­ви­зи­ска­та сце­на. Ова е но­во искус­тво за нив, мис­лам прв­пат се на на­стан на кој има нат­пре­вар ме­ѓу пес­ни и из­ве­ду­ва­чи. Ве­ру­вај­те, тие чув­ству­ва­ат по­го­ле­ма од­го­вор­ност од ме­не да се прет­ста­ват нај­до­бро што мо­жат би­деј­ќи до­а­ѓа­ат над­вор од Евро­па, а се дел од на­ша­та де­ле­га­ци­ја. Це­ли­от овој спој е не­ве­ро­ја­тен.

Daniel-Kajmakovski-4

Ќе пе­еш во ед­но те­шко вре­ме за Ма­ке­до­ни­ја, мо­же­би и по­ра­ди тоа не до­би тол­ка­во вни­ма­ние кол­ка­во што обич­но до­би­ва прет­став­ни­кот на Евро­ви­зи­ја. Се­пак, Ма­ке­до­ни­ја е со те­бе. Сме­таш ли де­ка се­га то­ва­рот е по­те­жок?

Kај­ма­ко­ски: Исти­от ден ко­га имав­ме на­стан со обожавателите, поч­наа слу­чу­ва­ња­та. По­ра­ди таа при­чи­на, од­лу­чив­ме из­ми­на­ти­те де­но­ви да не из­ве­сту­ва­ме за под­го­то­вки­те или за при­стиг­ну­ва­ње­то во Ви­е­на. Еу­фо­ри­ја­та и воз­бу­да­та ги не­ма во це­ли­от тим би­деј­ќи ту­ка мо­ра да би­де­ме нас­ме­а­ни и до­бри прет­став­ни­ци, но, од дру­га стра­на, се­кој од нас про­ве­ру­ва што се слу­чу­ва та­му, се слу­ша со свои ко­ле­ги и бли­ски. Во овој мо­мент не е бит­но вни­ма­ни­е­то кон ме­не, бит­но е со­стој­ба­та да би­де по­до­бра за си­те.

Што е след­но по „Евро­ви­зи­ја“?

Kај­ма­ко­ски: След­но е тоа што дол­го вре­ме го по­са­ку­вам, тоа е мој ли­чен про­ект. Тоа им го дол­жам на си­те што ме под­др­жу­ва­ат, но си го дол­жам и на се­бе.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 141. број на неделникот „Република“, 15.05.2015)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top