| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е реалната посетеност на митингот на 17 мај и на митингот на 18 мај (фото)

посета

Во јавноста нема никаква дилема дека вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ беше далеку попосетен од тој завчера на СДСМ, кој се одржа пред Владата и на кој според сите пресметки и пишувања на релевантни светски медиуми како Франс прес, Гардијан, Раша Тудеј и Си-Ен-Ен не ја надмина бројката од 20.000 граѓани.

Прецизните податоци покажуваат дека овие медиуми биле во право. Имено, при вчерашниот митинг пред Владата просторот кој го зафаќаа опозициските симпатизери изнесуваше површина од 6.390 квадратни метри, односно ако на еден квадратен метар имало по тројца луѓе, бројката на присутни изнесува 21.170 луѓе.

За разлика од митингот на СДСМ, вечерашниот на ВМРО-ДПМНЕ беше далеку попосетен. Имено, вкупната површина која беше покриена со луѓе на собирот изнесуваше 34.598 квадратни метри, односно ако се сметаат по тројца луѓе на еден квадратен метар, се доаѓа до бројка од 103. 794, нешто повеќе од таа што ја пренесоа најголем број од регионалните медиуми кои пишуваа дека во Скопје на собирот излегле 90.000 луѓе.

посета2

Највлијателните српски медиуми, како „Курир“, „Блиц“ и „Телеграф“, напишаа дека над 90.000 луѓе излегле за поддршка на Груевски, истото го тврдеше и агенцијата „Танјуг“, додека еден од најчитаните хрватски портали „Дневник“ напиша дека на протестот присуствувале речиси 100.000 лица. Бројката од 90.000 просутни ја пренесоа и низа други балкански медиуми, како и најголемата руска државна новинска агенција РИА НОВОСТИ, која забележи дека се одржал најголемиот митинг во историјата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top