– Кулминира нашата битка за идеалите во кои веруваме. Девет години ја водиме оваа држава низ тешки предизвици, свесни за бројните проблеми. Македонија овие три и пол месеци е под жесток напад. Како никогаш досега не се браниме, ретко како кога молчиме и чекаме да помине. Нашите реакции досега не беа реакции, ние молчевме, но доста беше. Македонија време е да одговори – изјави вечерва Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ на народниот собир кој се одржува во Скопје.
– Вечерва по бројност како никогаш до сега, река од народ, река од достоинствен, цврст, слободоумен и горд народ. Од народ што знае да препознае кога некој го манипулира, заведува, лаже, кога препознава кога некој има нечесни намери – истакна вечерва Груевски.
Премиерот истакна дека народот знае кој е и зошто е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


