И ракометарот Тимур Дибиров даде поддршка за вечерашниот голем народен собир.
– Сакам да ја кажам својата позиција како неутрален човек, како спортист. Јас сум среќен со условите во Македонија во спортот. Инфраструктурата во спортот е една од најдобрите во Европа. Гордост е да се биде дел од Вардар, дел од македонски клуб. Тоа што се случува е лошо за државното уредување, лошо за странски инвестиции. Јас имам многу добри пријатели во Македонија. Македонија е земја на добри луѓе. Денес ме контактираат сите роднини и пријатели загрижени за мене и за моето семејство, како и за состојбата во Македонија. Јас на тоа одговарам- тука се е мирно и ние не смееме да дозволиме да се плашат луѓе да доаѓаат во Македонија. Јас секаде кажувам, нема помирно место од Македонија, вели Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



