Сообраќајна несреќа се случила денеска околу 16 часот на магистралниот пат Битола – Кичево пред селото Лопатица. Се работи за автобус кој сообраќал на својата редовна линија од Битола за Кичево. Кај селото Лопатица поради откажување на воланот, возачот изгубил контрола и автобусот излетал од патот.
Според неофицијалните информации на битолската телевизија „Орбис“, потешко повреден е возачот, а патниците се здобиле со полесни повредни и скршеници.
Од СВР Битола за „Република“ ја потврдуваат информацијата. Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата, а повеќе детали ќе се знаат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.